• 21 февруари 2018
  • Вести денес: 73
Плусинфо21:32 14 февруари 2018 ● Прочитано 1707

Бугарскиот прeтседател Румен Рaдев во петок доаѓа во официјална посета на Македонија во придружба на двајца митрополити на Бугарската православна црква, Николај и Кипријан.

Старозагортскиот митрополит Кипријан е претседател на синодалната комисија за преговори со МПЦ, а Пловдискиот митрополит Николај е член на истата комисија.

Средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов е закажана за в петок.

Засега нема официјална потврда дали ќе има и работна средба на комисиите меѓу двете цркви, но сосема извесно е дека бугарските владици ќе се сретнат и со членови на Синодот на Македонската црква.

Радев денеска во Софија се сретна со македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Кумановскиот градоначалник даде отчет за сработеното

Една од капиталните инвестиции, според Димитриевски, ќе биде изградба на мултиетничка детска градинка која ќе згрижува 200 деца.

Средба на првите дами на Македонија и Турција

Иванова се заблагодарила за досегашната одлична соработка со ТИКА, со чија поддршка се реализирале проекти во Македонија.

Беса на Гаши ја обвини Беса на Касами за фалсификат

Од Беса на Касами одговорија дека нема да се занимава со клеветите на Орхан Муртезани и неговите шефови.

Двете сестри додека живееле во „25 Мај“ 89 пати исчезнале, преживеале и полов напад

Судот ги вратил децата на мајката, но надлежните не сакаат едно од девојчињата, кое се излечило од зависност, да се врати бидејќи нема услови.

Жбогар: Посетата на Јункер е порака самата по себе

Евроамбасадорот посочи дека вратите на ЕУ се отворени, а временската рамка е 2025 година до кога секоја земја може да ја стигне другата во прогресот.

НАЈЧИТАНИ