• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА21:46 14 февруари 2018 ● Прочитано 3268

Тениската легенда Германецот Борис Бекер е уверен дека Новак Ѓоковиќ ќе продолжи да освојува титули откако во целост ќе му заздрави повредата на лактот, која го мачи веќе две години.

Најдобриот српски тенисер, со Бекер како главен тренер, освои шест Гренд слем титули, вклучувајќи го и Ролан Гарос во 2016 година, но потоа проблемите со повредата на Ѓоковиќ стануваа се поочигледни.

- Можеби Новак не е доволно ценет затоа што игра во ера на двајца неверојатно популарни и успешни играчи како Роже Федерер и Рафаел Надал - наведува Бекер и додава дека „Ѓоковиќ има неверојатна кариера и дека е привилегија да се работи со него“.

Германецот се осврна и на повредениот Енди Мари, кој во почетокот на годината го оперираше колкот во Мелбурн.

- Енди е еден од најдобрите, тоа е сигурно. Да играше во друг период сигурно ќе освоеше повеќе титули што би го потврдиле неговиот квалитет. Тој има желба да биде на врвот и тоа е нешто посебно - потенцира Бекер.

Според него, постојат повеќе млади играчи кои се обидуваат да се пробијат кон врвот, но сепак актуелната „голема четворка“ ја сочинуваат Надал, Федерер, Ѓоковиќ и Мари.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Рива: Репрезентацијата на Југославија од 1991 година најдобар европски тим во историјата

Поранешниот бек на Милано се осврна и на промените во кошарката денес.

Куп на Македонија: Вардар и Шкендија ремизираа

Фелипе во 79. минута со гол од слободен удар го израмни резултатот на конечни 1:1 и го спаси Вардар од пораз.

Норвешка го освои златото во брзо лизгање

Бронзата ја освоија Холанѓаните по победата во малото финале над Нов Зеланд.

Руска тинејџерка постави нов рекорд во уметничко лизгање (ВИДЕО)

Со оцена од 82,92 бодови го собори светскиот рекорд кој десет минути претходно го постави нејзината сонародничка Јевгенија Медведева (81,61).

Канадски олимпиец ја скрши карлицата при страшен пад во ски-крос

Дел Боско на трката во осминафиналето во ски-крос за подобар пласман се обиде да изведе еден ризичен скок, но изгуби контрола во воздухот и падна.

НАЈЧИТАНИ