• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА21:57 14 февруари 2018 ● Прочитано 3679

Во крајна фаза се преговорите за потпишување анекс на договорот со кинеската компанија „Синохидро“ за изградба на автопатот Кичево-Охрид. Анексот треба да овозможи доизградба на автопатот, кој со основниот договор требаше да биде завршен до 31 јануари. Ако не се потпише анексот, во случај на спор, Македонија може да остане и без автопат и без големи финансиски средства.

Ова го изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески вечерва во гостување на ТВ 24 Вести.

Тој очекува дека преговорите ќе завршат успешно и оти по изготвувањето на анексот на договорот, тој ќе треба да биде одобрен од македонското Собрание. Дури потоа, рече Сугарески, Владата и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов ќе го потпишат со цел да продолжи изградбата на автопатот.

- Ние со потпишувањето на овој анекс договор сакаме да продолжи изградба на автопат за којшто граѓаните на РМ поделиле сума, огромна сума на пари и таму сметаме дека треба да има автопат. Другата страна носи прекинување на договорот, немање автопат и комплетно овие спорови да одат на арбитража каде што РМ ќе биде една од учесниците. Во ситуација да се изгуби една таква арбитража ние како држава ќе останеме и без автопат и без големи финансиски средства - рече Сугарески.

Во врска со обвиненијата што СЈО ги има покренато за изградбата на овој автопат, тој вели дека станува збор за обвинение, а не за докажана вина.

- Ние како власт за разлика од претходната знаеме да почитуваме што значи презумпција на невиност. Јас сум правник и знам што значи докажана вина. Дали овие средства ќе бидат на штета на РМ, дали на штета на осомничените или на штета на кинеската компанија - рече Сугарески.

Во преговорите што се водат со претставници на кинеската компанија „Синохидро“ учествуваат министерот Горан Сугарески, вицепремиерот Кочо Анѓушев и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов.  

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Домашните фирми што ќе произведуваат делови за странските ќе добијат пари од Владата

Веќе има многу примери на домашни компании, кои успешно соработуваат со странските инвеститори.

Такса од 10 денари лете и 5 денари зиме ќе плаќаат угостителите во Охрид

Угостителите и Општина Охрид постигнаа договор околу комуналната такса и урбаната опрема.

ГСОЛ останува на ветеното од вчерашниот договор, Нова Логистик го отфрли предлогот

ГСОЛ останува на сето она што беше договорено и ветено вчера, со цел да се помогне на транспортерите.

Рудници - да или не, на потег е Владата

Употребата на сулфурни киселини во рудниците количински може да се спореди со таа во оцетот, виното или во сапуните за дезинфекција.

Се потрошија парите за субвенционирање печки на пелети

Заклучно со денеска, искористени се предвидените 14 милиони денари наменети за субвенционирање на дел од трошоците за купување печки на пелети.

НАЈЧИТАНИ