• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА22:00 14 февруари 2018 ● Прочитано 2848

Одборот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес покрена истрага за да востанови како вискиот соработник на претседателот Доналд Трамп, Роб Портер можел да ја задржи својата работа во Белата куќа и покрај тоа што пред неколку месеци на администрацијата од ФБИ и биле дадени извештаи дека две поранешни жени го обвинуваат за насилство во семејството.

Потпретседателот Мајк Пенс призна дека Белата куќа „можела подобро да постапи со тој случај“.

- Проверката на неговата биографија беше во тек - изјавија од Белата куќа.

Белата куќа прво соопшти дека ФБИ и натаму ги проверува податоците за минатото на Портер, во моментот кога неговите две поранешни сопруги изнеле тврдење за злоставување, а една објави своја фотографија со модрици на окото.

- Белата куќа нема добиено никакви конкретни документи за завршување на проверката на биографијата - изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс.

Меѓутоа, директорот на ФБИ Кристофер Реј вчера изјави пред сенаторите дека неговите агенти ѝ доставиле на Белата куќа извештаи за Портер четири пати. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Амбасадата на САД разочарана од изјавата на Рама

Американската Амбасада ја оцени изјавата на Рама како „невнимателна реторика“.

Масовни протести во САД за промена за законот за оружје

Се бара итна ревизија на Законот за да запре крвопролевањето по училиштата.

Почина најпознатиот американски проповедник Били Грејем

Грејем беше и советник на претседателите на САД - Двајт Ајзенхауер и Џорџ Буш помладиот.

Обама му е виновен на Трамп за главоболките со Русија

Трамп и претходно го критикуваше Обама дека не направил доволно за да го спречи мешањето на Русија.

Автобуска несреќа во Перу, 25 мртви

Несреќата се случила рано изутрина, во близина на провинцијата Камана.

НАЈЧИТАНИ