• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо22:37 14 февруари 2018 ● Прочитано 4382

Народната банка на Македонија (НБМ) објави оглас за прибирање понуди за набавка на млечни чоколади. Според објавениот оглас, млечните чоколади треба да бидат со логото на банката, слики од банкноти од 500, 1.000, 200, 100, 50 и од 10 денари. Според техничката спецификација, секоја чоколада треба да биде од 5 грама, а треба да се изработат 68.000 парчиња.

Според објавата на Бирото за јавни набавки, станува збор за договор со проценета вредност од 127.118 денари, односно околу 2.000 евра без ДДВ.

Истовремено, распишана е јавна набавка за 440 цвеќиња. Народната банка бара да купи икебани од 60, 50, 40 сантиметри, како и букети и венци. Според огласот, банката бара три парчиња рози од 80 сантиметри во розова боја, едно парче антуриум во црвена боја, едно парче крин во розова боја, две парчиња гипсофила, како и шест розови гербери. Саксиското цвеќе треба да биде високо 15 сантиметри, спакувано во украсна хартија со црвена боја и машна ПВЦ со златна боја во должина до 1 метар. Проценета вредност на цвеќињата е 257.627 денари, без ДДВ или нешто повеќе од 4.000 евра.

Народната банка бара и репрезентативен материјал, а проценетата вредност е околу 30.000 евра. Во рамките на оваа набавка се бараат сувенири за околу 5.000 евра, репрезентативен канцелариски материјал за 14.000 евра и и репрезентативен материјал „Финансиска едукација“ за нешто помалку од 4.000 евра.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Домашните фирми што ќе произведуваат делови за странските ќе добијат пари од Владата

Веќе има многу примери на домашни компании, кои успешно соработуваат со странските инвеститори.

Такса од 10 денари лете и 5 денари зиме ќе плаќаат угостителите во Охрид

Угостителите и Општина Охрид постигнаа договор околу комуналната такса и урбаната опрема.

ГСОЛ останува на ветеното од вчерашниот договор, Нова Логистик го отфрли предлогот

ГСОЛ останува на сето она што беше договорено и ветено вчера, со цел да се помогне на транспортерите.

Рудници - да или не, на потег е Владата

Употребата на сулфурни киселини во рудниците количински може да се спореди со таа во оцетот, виното или во сапуните за дезинфекција.

Се потрошија парите за субвенционирање печки на пелети

Заклучно со денеска, искористени се предвидените 14 милиони денари наменети за субвенционирање на дел од трошоците за купување печки на пелети.

НАЈЧИТАНИ