• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 0
МИА22:46 14 февруари 2018 ● Прочитано 4106

Најмалку едно лице загина денеска и повеќе од 20 се ранети во напад во средно училиште во градот Паркленд на Флорида.

Полицијата соопшти дека го уапсила осомничениот за нападот.

Училиштето е блокирано, и според американски медиуми можно е бројот на жртви да биде многу поголем.

На инсерти од американски телевизии се гледа како стотина ученици панично бегаат додека полицијата трага по напаѓачот. Градот Паркленд е на околу 70 км северно од Мајами. 


Обновено



Во порака на Твитер локалниот шероф наведе дека има најмалку 14 жртви од гимназијата Марџори Стоунман Даглас во градот Паркленд на Флорида, без притоа да прецизира дали се работи за загинати или повредени.

Уапсениот е ученик од тоа училиште.

- Во нападот има загинати неколку лица - изјави сенаторот на Флорида, Бил Нелсон за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си.

Според американски медиуми, бројот на жртвите може да достигне и над 20. Претходно, полицијата соопшти за најмалку еден загинат и 20 ранети.

На инсерти од американски телевизии се гледа како стотина ученици панично бегаат додека полицијата трага по напаѓачот. Градот Паркленд е на околу 70 км северно од Мајами.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Амбасадата на САД разочарана од изјавата на Рама

Американската Амбасада ја оцени изјавата на Рама како „невнимателна реторика“.

Масовни протести во САД за промена за законот за оружје

Се бара итна ревизија на Законот за да запре крвопролевањето по училиштата.

Почина најпознатиот американски проповедник Били Грејем

Грејем беше и советник на претседателите на САД - Двајт Ајзенхауер и Џорџ Буш помладиот.

Обама му е виновен на Трамп за главоболките со Русија

Трамп и претходно го критикуваше Обама дека не направил доволно за да го спречи мешањето на Русија.

Автобуска несреќа во Перу, 25 мртви

Несреќата се случила рано изутрина, во близина на провинцијата Камана.

НАЈЧИТАНИ